Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров се закити со наградата за најдобар стрелец на Мундијалот во Франција.
Десниот бек во македонскиот состав врвот го запоседна со педесет голови дадени во вкупно шест натпревари.
За Лазаров ова е втора ваква награда, бидејќи на врвот заврши и во 2009 година на СП во Хрватска со рекордни 92 голови.
Втор на листата позади Лазаров заврши репрезентативецот на Ангола, Серхио Лопес Авелино со 47 голови, а трет Амине Банур со 45 погодоци од селекцијата на Тунис.
OhridNews