Македонската ракометна репрезентација во Маврово со полн интензитет тренира и се подготвува за престојното Светско првенство кое ќе се одржи во Франција од 11 до 29 јануари.
„Црвено жолтите“, предводени од капитенот и најискусниот во составот, Кирил Лазаров ќе имаат задача да се престават во најдобро светло на петтиот настап на Македонија на еден светски собир.
– Секогаш јас сум оптмисти, но и реален, затоа ќе речам дека рано е за анализи околу нашиот пласман на Светското првенство. Треба да се трудиме, да работиме напорно, бидејќи само така ќе можиме да напредуваме. Ние треба да работиме само на себе и воопшто да не се фокусираме на противникот. – рече Лазаров.
Во ростерот од репрезентацијата како никогаш до сега има 11 дебитанти, од кои голем дел ќе бидат повикани од селекторот Лино Червар за учество во Франција.
– На младите играчи не треба да им се наметне дека мора да се направи успех, затоа што сето тоа може да има контра ефект. Со нив треба да се биде умерен и скромен и да ги мотивираш да го дадат најдоброто од себе. – зврши капитенот.
Македонија, СП во Франција го започнува на 12 јануари против Тунис, потоа следуваат мечевите со Ангола, Словенија, Шпанија и на крајот од групната фаза против Исланд.
OhridNews