Кирил Лазаров: Тука сме сите исти без разлика од каде доаѓаме
24.06.18 12:36
Во Охрид стартуваше четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ со традиционален пречек на 150 кампери од страна на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров. Следните две недели повеќе од 300 момчиња и девојчиња од осум земји ќе се едуцираат, дружат и забавуваат со најдобриот македонски спортист и неговиот тим тренери и предавачи.
– Среќен сум што и оваа година Ве гледам во голем број. Меѓу Вас има деца кои се наши редовни кампери но гледам и многу нови дечиња. Концептот на овој проект е дека сите ние без оглед на возраста, познавањето на ракометот и местото од каде доаѓаме сме еднакви и фукнкционираме како семејство. Се надевам дека и оваа година ќе го поместиме границите на добра организација и дека секое дете од кампот ќе си оди со убави спомени. Се потудивме и оваа година децата да работат со најдобрите македонски тренери, со тренери од странство и со предавачи признаени во нивните области. – Кирил Лазаров.
Покрај ракометот, кој ќе биде застапен со двојна програма во текот на денот нашите кампери ќе имаат можност да учат пливање со лиценцирани едукатори, предавање за здрава исхрана со Проф. д-р Ванчо Поп Петровски и спортска психологија со Проф. Д-р Ленче Алексовска. Во двете смени наш гостин ќе биде четворократниот олимпиец Лазар Поповски кој со својот тим ќе им овозможи на најмладите тренинг по кајак, а веќе традиционално едно попладне е резервирано за прошетка со брод и запознавање со убавините на Охрид.
И оваа година ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ ќе се реализира во комплексот „Аквалина“ на брегот на прекрасното Охридско Езеро од 20 Јуни до 02 Јули.
Навивачката група Рибари, која повеќе од три и пол децении е најискрен и најголем поддржувач на охридските спортски екипи и пример како безусловно се сака, помага и бодри својот град, подолго време...
ГРК Охрид го совлада РК Бутел во натпреварот од 21 коло од Супер лигата кој се одигра вечерва во „Билјанини извори“ со 33:28 (полувреме 17:11) Статистика ГРК Охрид: Борозан 2, Стрмљан 2, Ојлески, Ј...
Ракометарите на Охрид утре во рамки на 21-коло од ракометната Супер лига ја пречекуваат екипата на РК Бутел После европскиот натпревар не очекува натпреварот против екипата на Бутел, една одлична е...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.