Стоматологот Кирил Пецаков е нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Оваа одлука ја донесе Извршниот комитет на партијата на седница која траела до раните утрински часови.

Во изјава за OhridNews Пецаков изрази благодарност за искажаната доверба и најави консолидација на партиските редови пред локалните избори оваа есен.

–Континуитетот кој го имам во партијата, напредувајќи низ структурите, од претседател на УМС, член на ИК УМС, член на општинскит комитет, советник 2009 – 2013,  ме мотивираше да се кандидирам за претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид и да бидам избран. Мој прв предизвик ќе биде консолидација на партијата во Охрид и победа на претстојните локални избори со кандидат кој ќе го избере партијата. – изјави Пецаков.

OhridNews