Најдобриот руски кошаркар, Андреј Кириленко, во интервју за РИА Новости, го најави своето повлекување од националниот тим. Кириленко, не настапи за Русија на последното Европското првенство, каде репрезентацијата доживеа вистински дебакл.


Крилниот играч, летово потпиша договор со Бруклин Нетс, а Евробаскетот го пропушти поради семејни обврски.

„На националниот тим  му дадов 14 години и мислам дека е време да се повлечам. Многу малку време минував со семејството и ова лето решив тоа го сменам. Сакав да се запознаам со работите кои ги сакаат моите деца, не сакам да го пропуштам детството на моите деца само поради тоа што играм кошарка“, рекол Кириленко.

32-годишниот кошаркар, најголемиот успех во репрезентативната кариера го постигна во 2007 година, кога како капитен го предводеше националниот тим до златниот медал на Европското првенство во Шпанија.

Кириленко, во репрезентацијата дебитира во 200 година, кога Русија на ОИ во Сиднеј го освои осмото место, настапил на пет европски првенства, а во 2008 година, на отворањето на ОИ во Пекинг беше знаменосец.

 

„Макфакс“