Од идната година кириличниот домен „ .мкд“ најверојатно ќе биде новиот заштитен знак на земјава во глобалната интернет мрежа. Судејќи по досегашното гласање спроведено од страна на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, овој национален домен ги има собрано гласовите на околу 72 отсто од граѓаните.
Процесот на гласање, денеска и официјално беше пролонгиран до 15-ти јануари, а во него можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани, здруженија или правни лица. Оној домен кој ќе добие најголема подршка, ќе биде ставен во официјалното барање за отпочнуање процес за добивање на врвниот кириличен домен за земјaва, кој ќе биде поднесен до ICANN.
Според Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, овој план се спроведува со цел зачувување на националниот идентитет преку користење домени на мајчиниот јазик.
Инаку, покрај „.мкд“ граѓаните имаат можност да ги гласаат и скратениците „ .мак“, „ .рм“, „ .македонија“, „ .рмак“, „ .рмкд“.
OhridNews