Промовирана книгата Охридска тврдина – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции
19.05.25 09:29
По повод 18 мај, Меѓународниот ден на музеите беше промовирана книгата Охридска тврдина – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции (211г.п.н.е.-238г.н.е.) од авторот Даница Размовска Бачевска.
Промоцијата се одржа во спомен куќата на Христо Узунов во присуство на колеги, љубители на нумизматиката, членови на семејството.
Како домаќин се обрати директорот м-р Горан Патчев со осфрт на Меѓународниот ден на музеите како празник на музеите и дискусија околу универзалната идеја за музеи без граници како тема на интерес на годинешната прослава, односно вмрежувањето на музеите кои соработуваат заради збогатување и модернизирање на музејските наративи и инклузивност. Во таа смисла се спомна соработката во музејските мрежи на ИКОМ, Балканската Музејска Мрежа (БМН) и Мрежата на Европски градови со тврдини (Форте Култура).
Промоторот Јорданка Матова говореше за делото и авторот, а самата авторка даде детално излагање на содржината на изданието кое е несомнено од голема важност за светската нумизматика.
Циркулацијата на монети во Охридската тврдина од III век п.н.е. до III век н.е. го потврдува фактот за Лихнид-Охрид како регионален центар во античкиот период. Разнобразието и богатството на изложениот нумизматички матријал од Лихнид e резултат на неговата географска положба и на рудните богатства во античка Македонија кои довеле до силна монетарна продукција што била основа за внатрешната и надворешната стокопарична размена во трговијата од тоа време на овие наши простори.
Креативен обид Охрид да се прикаже не само како град на минатото, туку и како град што има своја уникатна иднина, град што памети, сонува и создава нови преданија, е направен во книгата „Охридски п...
Во Струга за првпат е отворена професионална канцеларија за психотерапија и психолошко советување, предводена од Арта Пошка Ќоку, психолог со повеќе од 20 години професионално искуство во областа н...
На 14 јуни 2026 година, во уникатниот амбиент на предворјето на црквата Св Софија, ќе се одржи музичката вечер „Чалгиски звуци во чест на Климе Садило“, настан посветен на еден од најзначајните охр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.