Актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и кандидатот на СДП, Зоран Милановиќ одат во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.

Според хрватската Државна изборна комисија по обработени 99,98 отсто избирачки места, Милановиќ освоил 29,55 проценти од гласовите, Колинда Грабар-Китаровиќ 26,65 проценти, а на трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со освоени 24,45 отсто од гласовите.

Другите кандидати се далеку зад тројцата првопласирани.