Охридскиот ракометен состав ја забележа шестата победа во шестиот натпревар сезонава во Првата женска ракометна лига. До шестиот триумф охриѓанки стигнаа на фуриозен начин победувајќи го тимот на Ѓорче Петров со 22-18 (9-8).

Во вториот дел ракометарките на Моби Дик направија фантастична серија од 8-1 што им донесе лесна и убедлива предност која до крајот на натпреварот не беше доведена под знак прашалник.
Мх.П.











