Ракометарките на Лихнид со победа над Кичево 10 (28-21) на домашен терен ја започнаа новата сезона во Кадетската лига.


„Китовите“ мотивирано и одлучно го започнаа натпреварот, а тоа им донесе предност од шест погодоци на полувремето (15-9). Водството од првиот дел ракометарките на Лихнид го задржаа во вториот и стигнаа до победа во премиерниот натпревар сезонава.

Викторија Алексоска и Николина Угриноска постигнаа по шест погодоци, Теодора Балоска и Марија Петреска застанаа на пет голови, Ивона Блажеска реализираше на три, Мила Ложанкоска еден помалку, а Елизабета Крстаноска еднаш ја погоди противничката мрежа. Меѓу стативите одлична беше Розета Тренеска која имаше вкупно 12 успешни интервенции. 

Новата сезона охриѓанки ја започнаа без Марија Јолеска и Тамара Маркоска кои се уште ги залечуваат тешките повреди добиени минатата сезона.

Во следната втората рунда охридските ракометарки гостуваат во Струга, а ќе се сретнат против тимот на Стружанка.

OhridNews