Кошаркарскиот клуб Гостивар побара одложување на мечевите во Купот на Македонија, откако градот се соочи со неверојатна трагедија. Вкупно 14 лица помеѓу кои поголем број од Гостивар го загубија животот во трагичната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово. Автобусо кој пренесуваше патници се преврте и излета од патот, а глетката и епилогот беа стравични.

  • Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов. –стои во соопштението на КК Гостивар.

Завршницата од Купот на Македонија треба да започне утре и ќе трае до недела во Гевгелија. Владата синоќа на вондредна седница прогласи дводневна жалост.

OhridNews