Минатата сезона која воедно беше дебитанска за Колибри се натпреваруваше во третата лига. На крајот Колибри го освои третото место кое значеше чекор напред односно директен пласман во втората лига.
Од клубот најавија дека ќе се трансформираат во Акционерско друштво и ќе формираат управен одбор. Почетокот на шампионатот е закажан за 15 октомври, а “возниот ред“ на Колибри во втората лига дополнително ќе биде обелоденет.
Костурот на екипата останува ист како од минатата сезона, на чело со тренерот Весна Балазоска.