Единствениот охридски кошаркарски клуб кој се натпреварува во системот на натпревари при Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Колибри е пред своевидна трансфорамација. Клубот по една сезона настапи во Третата лига обезбеди пласман во второто по квалитетет натпреварување во Македонија.
– Цел на клубот кој е под “капа“ на охридската локална самопурава и градоначалникот Петрески, е да се формира нов Управен одбор, како и да се промени името на клубот кој ќе се натпреварува во Втората лига. Целта ни е да отвориме простор во клубот за нови луѓе кои ја сакаат кошараката и сакаат да бидат дел од најуспешниот спорт во Македонија. Ова е првиот чекор кон неопходната трансформација на клубовите во Акционерски Друштва која засега е задолжителна само за прволигачите. Со добра организација убедена сум дека лесно можеме и до Првата лига. – вели Весна Балазоска, тренер во КК Колибри.
Во клубот под името Колибри остануваат да работат младинските категории кои со своја работа ќе започнат деновиве со старот на учебната година.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com