Неизвесна е иднината на охридскиот кошаркарски клуб, кој поради правни пречки не е во можност да отпатува за Штип каде треба да го игра мечот против Гоце Делчев од 15-та рунда во Втората кошаркарска лига.


Во дописот од клубот, кој стигна до нашата редакција стои :

– Нашето гостување во Штип е доведено под знак прашалник, а со тоа и иднината на нашиот клуб бидејќи од Општина не сакаат да ни го обезбедат превозот, а ние си конкуриравме на конкурс за превоз и користење на спортските терени, кој беше распишан пред новата година. На тој конкурс добивме согласнот од Општина, а сега не сакаат да ни дадат превоз. Се обративме и до секторот за образование и спорт. Од таму не известија додека не се конституира новата локална власт тие не потпишуваат ништо, а со тоа нашиот натпреварувачки статус останува да виси. Според правилата на Кошаркарската федерација на Македонија за неучество на натпревари без образложение следува суспензија и ќе се вратиме онаму каде што започнавме минатата година во Третата лига. После сите пречки што ги поминавме екипата не сака да се соочи со тоа и да се пресели еден ранг подолу. Од клубот имаме барање до Општината да ни излезе во пресрет како и досега да ни обезбеди превоз и да продолжиме со презентација на нашиот град.

Мх.П.