Успешната соработка со американскиот композитор со кинеско потекло Хуанг Руо за неговата револузционерна опера Dr.Sun Yat sen, која се одржа во познато мултимедиа арт кабаре пред две недели им донесе позитивни критики во американските медимуи.
Тоа беше поттик овие музичари повторно да настапат на концертот, кој ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот според локално американско време, како дел од низата концерти кои ги организира познатото њујоршко студио The green space во чест на Кинеската Нова година која се славеше пред три дена.
Концертот ќе биде во живо пренесуван од страна на најпознатото радио за класична музика во Њујорк, WQXR, а настапот ќе може да се следи на www. wqxr.org . Васко Дуковски ќе настапи со својот ансамбл Fire и врвните музичари Хуанг Руо, придружувани од други музичари, со традиционални кинески и западни инструменти.
Денешниот настап е само дел од богатиот викенд со концерти на Дуковски, кој на 28 јануари ќе настапи со ансамблот Blue moon кога ќе биде изведен неговиот аранжамн за делото на Морис равел “Прелуда за починатата принцеза”, специјално направен за овој ансамбл.
Неколку часа подоцна ќе настапи со ансамблот за современа музика Мимесис, изведувајќи дела од современи композитори. Настапите продолжиуваат и во недела со неговиот ансамбл Грнета и проектот Eastern madness.