По неколкудневните подготовки во Дојран, регионалната аматерска селекција на Македонија денес патува за Словенија каде ќе учествува на квалификациите за финалниот турнир во Брага –Португалија на кој ќе се пласира само најдобрата селекција.


Покрај Македонија, на турнирот кој ќе се одржи од 4-10 Април во Мурска Субота во Словенија ќе учестуваат домаќинот, регион на Мурска Субота, потоа регион Анкара –Турција и израелскиот регион Кармел Шафид.

Првиот натпревар ќе го играме на 5. Април против домаќинот Мурска Субота. На 7. Април е средбата со претставникот на Турција, а на 9. Македонија игра со израелскиот тим.

ГОЛМАНИ : Захов Костадин –  Беласица, Бошнаков Костадин  – Миравци

ОДБРАНА: Јанев Томе –  Беласица, Петрушевски Дарко  – Еуромилк, Џонов Ѓорѓе –  Миравци, Каракамишев Бојан  – Миравци, Салиевски Сали –  Влазними, Димитриоски Денис –  11 Октомври, Клечкаровски Дарко  – Охрид 2004

СРЕДЕН РЕД : Василев Тоди –  Беласица, Вареловски Александар  – Тиквеш, Попов Мирче –  Миравци, Петков Васил  – Миравци, Ќорбајрам Џавид  – Риниа, Имери Берат  – Дрита

НАПАД : Мојсовски Владимир –  11 Октомври, Атанасов Николче –  Маџари Солидарност 92, Грбашлиев Лазе –  Миравци, Стојанов Давид –  Локомотива, Илиев Драган –  Марино, Марков Ѓорѓи  – Беласица