Прославениот украински боксер Виталиј Кличко, кој во саботата ја одбрани титулата  во тешка категорија по верзијата ВБЦ, во вторникот ја отпочна кампањата за парламентарните избори, кои ќе се одржат во октомври, ветувајќи дека ќе ја промени Украина.


„За време на саботната борба  имаше многу крв, болка и драма. Но, борбата која што сега ја почнувам, борбата за Украина, е подраматична и поболна“, изјави Кличко, чија партија Удар, во предизборието е на трето место по анкетите.

Светскиот боксерски прва најави предизборна кампања низ целата држава,ветувајќи им на гласачите дека ќе се бори против сеприсутната корупција и ќе работи во цел на интеграцијата на Украина во Европската унија.

Ohridnews
“Макфакс“