Украинскиот боксер Владимир Кличко ја потврди доминацијата во тешка категорија, откако на поени, со едногласна одлука на судиите, го победи Британецот Дејвид Хеј.


По 12 рунди на боксерскиот спектакл во Хамбург, тројцата судии му дадоа голема предност на Кличко, со што тој ги обедини титулите во пет верзии. Прецизната статистика покажува дека Кличко 99 пати го погоди својот противник, додека Хеј упати 57 удари кон Кличко.


Мечот кој го следеаа 60.000 гледачи започна со доминација на Кличко, кој беше многу подобар во првите две рунди, во третата Хеј се консолидира. По четвртата рунда темпото значително опадна. Во седмата рунда Хеј се најде на подот, а Кличко доби казнени поени бидејќи констатно го туркаше својот противник. Во тој момент беше јасно дека Хеј само со нокаут може да го победи својот противник. Хеј во финишот тргна на сé или ништо, но во еден момент тој беше боксерот на кој судиите му броеја.


На крајот од мечот тројцата судии, едногласно (117:109, 118:106 и 116:110) победата му ја доделија на Кличко. Украинецот сега е светски првак во верзиите ВБА, ВБО, ИБФ, ИБО, за првак го признава и магазинот Ринг.

“Макфакс“
Ohridnews