Долгоочекуваната борба помеѓу Виталиј Кличко и Александар Повјеткин ќе
се одржи на 5.октомври во Москва, информацијата ја потврдија од тимовите
на двајцата боксери.

Украинецот Кличко против предизвикувачот од Русија ќе ги брани титулите во верзиите на WBA, IBF, WBO i IBO.

„Воодушевен сум што борбата е конечно договорена. љубителите на боксот
низ целиот свет со нетрпение го очекуваат мечот на поранешните олимписки
шампиони. Ова ќе биде најдобрата борба во тешка категорија, а посебно
ми е драго што ќе се одржи во Москва“, порачал Виталиј Кличко.

Инаку Кличко освои златен медал на ОИ во Атланта во 1996 година, додека Повјеткин победи на ОИ во Сиднеј во 2000 година.

Во досегашната професионална кариера Кличко има 60 победи (51 со нокаут)
и три порази, додека Повјеткин има 26 победи (18 со нокаут) во исто
толку мечеви.

„Макфакс“