Женскиот ракометен клуб Вардар активно работи на градењето на екипата за следните сезони доведувајќи нови ракометарки и потпишувајќи договори за нова соработка со старите.
Верноста со скопските „црвено црни“ ја продолжија Црногрката Андреа Кликовац, некогашната најдобра светска ракометарка Андреа Лекиќ и хрватска репрезентативка Андреа Пенезиќ.
Македонскиот првак претходно ја официјализираше соработката со Драгана Цвијиќ која во клубот ќе дојде од Будуќност.
Со овие потези управата на Вардар покажува дека и следните сезони екипата ќе атакува на највисок пласман во сите натпреварувања каде учествува.
OhridNews