Силните дождови и топлотните бранови предизвикани со климатските промени, може да го загрозат доставувањето на храната од полињата до супермаркетите, со опасност од голем скок на цените на прехранбените артикли, како што годинава се случува во САД, предупредуваат научниците.
Обединетите нации затоа предупредуваат дека би требало да се посвети повеќе внимание во која мера екстремните суши, горештините и поплавите може да влијаат врз количеството произведена храна, од посеаното семе до чиниите на потрошувачите.
„Тука не станува збор само за фактот дека поради сушата приносите во САД ќе бидат помали“, вели професорот Џин Портер од универзитетот во Копенхаген. Тој предупредува дека поплавите, на пример, не ја уништуваат само жетвата, туку со себе носат и уништување на патиштата и мостовите, а складиштата на житарките сѐ почесто се на мета на силните бури. Тие фактори, вели Портер, најверојатно најмногу ќе ги погодат и онака сиромашните земји.
„Можеме да очекуваме раст на цените на храната, бидејќи сѐ почесто ќе бидеме сведоци на екстремните услови“, истакнува Дејвид Лонел од универзитетот Станфорд во Клифорнија.
Најлошата суша во последните пет децении во САД е „виновникот“ за растот на цените на пченката за повеќе од 50 отсто. Сувото и жешко време, исто така, ги погоди и посевите во јужна Европа. Еден од најголемите проблеми коишто го предизвикуваат екстремните временски услови е и проблемот со дистрибуцијата на храната.
„Во светот има доволно храна, меѓутоа проблемот е во дистрибуцијата“, смета професорот Брус Меккари од универзитетот во Тексас, кој, исто така, стравува дека екстремните временски прилики ќе придонесат за натамошен раст на цените на храната.
Денес во Вевчани со почеток во 16:00 часот во спортското двориште, по втор пат ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери) Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, апелира граѓа...
Во Охрид се одржа дводневна медиумската студиска тура и работилница, во организација на KfW заедно со Министерството за образование и наука, како партнер во спроведувањето на проектот и Делегацијат...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:00 часот без вода ќе бидат корисниците од село Трпејца, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.