Победата од 1-0 на португалската репрезентација во четвртфиналниот дуел против Чешка уште докажа дека победува фудбалот. “Европските бразилци“ во текот на целиот натпревар креираа шанси, Роналдо два пати ја погоди стативата и никако неможеа да го совладаа Чех. Едно невнимание во одбраната ги чинеше чесите 1/2 финале.

– Со овој резултат победи фудбалот. Чешка не направи ништо за да се пласира во следнат фаза. Не можат вака да се играат нокаут мечеви. Чувството да се гледа Роналдо како “гризе“ на теренот да постигне погодок е непроценливо. Сепак тој е светска класа и спаѓа во најдобрите три фудбалери во светот. Ако останатите фудбалери од репрезентацијата го подигнат нивото на игра, во мене нема никаква дилема Португлија е финалист – потенцираше легендарниот центарфор на Германија, Јирген Клинсман.

Поранешниот селектор на Германија, моментално работи како тренер на Американската репрезентација.

Мх.П.