– Фудбалот е едноставна игра. Мораш добро да се браниш и да постигнеш повеќе голови од противникот. Ние се движиме во таа насока затоа стигнавме толку далеку во ова натпреварување. За да ги оствариме нашите соништа мораме да бидеме подисциплинирани од вобичаеното и храбри. Наша цел е да постигнеме погодок еден, два или три во зависност колку шанси ќе ни се пружат – рече Клоп.
Во досегашната историја на ЛШ екипата од Дортмунд еднаш во 1996 година се има закитено со титулата. Ако го преживеат пеколот на „Сантијаго Бернабеу“ фудбалерите на Борусија ќе учествуваат во второ финале.
– Секоја чест за сите во Реал Мадрид. Покрај големата негатива тие се мобилизираат и прават напори да ја анулираат нашата предност. Како и да заврши мечот во Мадрид овој дуел обезбеди место во историјата – заврши Клоп.