Човекот кој е најзаслужен за преродбата на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп го продолжи договорот со клубот до јуни 2018 година.

Под негова палка „милионерите“ стигнаа до две титули во Бундес лигата, а по една во Купот и супер купот на Германија. Минатата сезона „жолтите“ ги одведе до финалето во Лигата на Шампиони каде загубија од Баерн Минхен.
Со потпишувањето на новиот договор Клоп стави точка на сите шпекулации дека ќе замине од клупата на Дортмунд по завршување на сезоната.
Мх.П.










