Бранителот на трофејот во Лигата на Шампионите, Ливерпул во последната рунда може да остане без пласман во нокаут фазата. „Црвените“ под знак прашалник го доведоа учеството во елиминициските натпревари после ремито (1-1) со Наполи пред своите гледачи. За судбината на Ливерпул ќе одлучува последниот меч кој англичаните го играат против Салзбург на гостински терен и не смеат да го загубат.

  • Тешко ќе биде? Кога било лесно во Ливерпул откако сум јас на клупата. Минатата сезона моравме да го победиме Наполи во последната рунда и искрено јас не се сеќавам дека било лесно. Сите посакувавме уште против Наполи да решиме се, но во фудбалот не секогаш излегуваат плановите. До мечот против Салзбург има уште време, а ние комплетно се насочуваме кон Премиер лигата – изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Ливерпул во фазата групи и минатата сезона се мачеше но потоа покажа квалитет и заслужено се искачи на врвот од европскиот фудбал. Сигурен патник во елиминации е Наполи, кој во последната рунда на домашен терен го пречекува Генк.

OhridNews