Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е уверен дека тимот ќе се бори за трофеи.

Во ова сум максимално сигурен. Се разбира, никогаш не се знае однапред, но видов тим со високо ниво на вештина. Секогаш е потребно малку среќа за да се освои трофеј, тоа сите го знаат. Но, за да имате добра сезона, прво ви треба стабилност, а ние ќе се обидеме да ја постигнеме. Не се сомневам во квалитетот на составот. Да, некои играчи си заминаа, но потпишавме и нови играчи. Со свежа крв, ќе биде добро. Дополнително, ќе имаме пет замени во Премиер лигата – ќе треба малку да се навикнеме. Со нетрпение ја очекувам сезоната. Во фудбалот не можете да бидете сигурни во ништо, но големи се шансите да имаме уште една добра сезона, изјави Клоп.

Ливерпул минатата сезона до последното коло се бореше со Манчестер сити за трофејот, но не успеа да го повтори успехот од пред две години.