Disco club INclusive

Од 24.12.2021 - 23:45 до 25.12.2021 - 03:00

Пред крајот на годината, се збогатува ноќниот живот во Охрид со ново место во кое е загарантирана добрата забава. Вечерва, со настапот на Драган Темелков (JOHNNY LIVE) од 23:45 минути официјално ќе започне со работа диско клубот „INclusive“ кој се наоѓа на улица „Железничка“ во Охрид. Оваа петочна вечер, е само најава за она што ќе следи во иднина, велат од менаџерскиот тим.

Клубот е новина која ќе внесе свежина во ноќниот живот во градот, со внимателно одбрана програма и настап на еминентни музички имиња и диџеи, порачуваат од менаџерскиот тим.

Празничното расположение е загарантирано и за  саботната ноќ, кога концертен настап ќе има една од најпознатите македонски музички ѕвезди Влатко Лозаноски. Стартот на овој концерт е во 23:45 минути, а влезниците се веќе во претпродажба.
Од „INclusive” најавуваат и богата програма за новогодишните празници, како и организиран дочек на Нова Година со сет на MIKI RIDE I DJ Face, а на првата вечер во  2022 година госттува српскиот поп-рок состав „Амадеус бенд“.

Сите настани ќе се организираат со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, а за посетителите е задолжително да поседуваат сертификат за потврда за имунизација со две дози вакцина или за прележан Корона вирус во последните 45 дена.

За резервации и информации, сите заинтересирани можат да се обратат на телефонскиот број 078288365 или 070391995.

OhridNews