Фудбалскиот клуб Дебрецен години наназад беше унгарски претставник во европските натпреварувања, но сезонава се соочи финансиската криза која резултираше со испаѓање од најквалитетната лига. Навивачите, вината за најцрното сценарио ја пронајдоа кај фудбалерите. После завршување на мечот со Паск (3-3) навивачите слегоа на тревникот од стадионот и ги нападнаа играчите, кои со помош од полицијата спасија жива глава.

Дебрецен е седумкратен шампион во Унгарија, но за да се врати во елитата ќе треба следната следната сезона да триумфира во Втората лига.

OhridNews