Клубот на млади при општинскиот Црвен крст го промовира својот нов амблем кој во иднина ќе се користи при сите активности организирани од страна на  членовите, како препознатлив знак за младите во хумана акција.

Новиот амблем е изработен од страна на Елена Додевска, професионален дизајнер, чиј предлог амблем беше едногласно прифатен како најуспешно изработен, меѓу трите испратени предлози на претходно објавениот конкурс минатиот месец.

OhridNews