Клупите за седење, заштитните огради, патоказите и електричните светилки веќе подолг временски период се мета не несовесни поединци.
Ваква глетка веќе со недели може да се забележи крај булеварот „Туристичка“ во близина на СРЦ „Билјанини Извори“, но и во делови на старото охридско јадро и централното градско подрачје.
Охриѓани велат дека потребни се поригорозни казни и поголеми контроли од страна на надлежните институции, со цел ваквите појави во градот да се сведат на миниум.
Исто така, за време на новогодишните празници настрадаа 24 корпи за ситен отпад поставени на градскиот плоштад, кејот и старата охридска чаршија.
Неоддамна, охриѓани реагираа и на искшрените клупи и нефункционални канделабри по поплочената патека која води до црквата „Св. Јован Канео“ во стратото јадро.
O.T.