Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид утре ќе биде промовирана книгата „Пеце Наумовски, австралиско-македонскиот карате кид“, од М-р Ицо Најдоски.

Промотори на книгата се Лазо Поповски, директор на Агенцијата за млади и спорт, проф.д-р Александар Туфекџиоски од Факултетот за физичка култура и претседател на Федерацијата за училишен спорт на Македонија и Бошко Трпески, уредник на Спортската редакција на ТВ Сител
На промоцијата ќе присуствува светскиот карате шампион Пеце Наумоски
Промоцијата ќе се одржи во 12.00 часот.
OhridNews