Истанбулскиот издавач „Пинхан“ објави уште еден превод на наградуваната книга раскази „Човечулец“ на македонскиот писател Александар Прокопиев.

„Пинхан“ е една од најценетите турски издавачки куќи и објавува дела на класици како Кјеркегорд, Пруст, Орвел, Селинџер, Скот Фитџералд, како и од современи автори како Мураками, Елиф Шафак.

-Преводите на „Човечулец“ што секоја година се печатат кај реномирани европски издавачи предизвикуваат многу поволни реакции кај книжевната критика и читателска публика, истакна авторот Прокопиев.

Објавено е и трето, дополнето македонско издание на оваа книга.

OhridNews