Уште едно дело на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски преведено на странски јазик.

Станува збор за книгата „Мајчин јазик“, која беше објавена во Варшава, во превод и препев на Александар Навротски, дело кое на руски јазик за прв пат било преведено и издадено уште во 1996 година во Москва.

Славе Ѓорго  Димоски има објавено девет книги поезија, пет книги детска поезија, три книги есеи. Неговите дела се преведени на повеќе светски јазици-  на англиски , руски, српски јазик, шхведски,  турски, бугарски, азерски, а во тек е објкавување на негови книги на француски и ерменски јазик.

Поезијата на Ѓорго- Димоски е наградувана со повеќе домашни и меѓународни награди, а неодамна на Димоски од страна на  Поетската асоцијација на Москва му беше доделена  престижната награда „Сергеј Есенин“.

OhridNews