– Книгата ја напишав случајно, додека работев на извештај со цел да го предложиме Никола Бошале за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. Работејќи со цел да напишам седум или осум страници, на крај од пишувањето беа над девеесеттина. Па така, помислив да подготвам книга која наместо извештај за Друштвото на писатели да биде оваа книга, насловена „ Најохриѓанец“, објаснува авторот Драги Стефанија.
Како што и тој вели, многумина го запрашале од каде насловот на книгата и зошто токму Никола Бошале го нарекува „најохриѓанец“.
– Работејќи врз неговите книги забележав дека од 20 книги кои Бошале ги напишал, само три не се за Охрид. И тогаш помислив дека ниту еден автор, научник или писател досега нема напишано толку книги посветени на Охрид. Човек кој напишал 18 дела само за Охрид заслужува да го добие името Најохриѓанец, вели Стефанија.
Промоцијата на книгата ја извршија познатиот уметник Славко Упевче и Проф. Д- р Славе Банар.