По повод Деновите на Европското културно наследство Музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга, деновиве ја промовира книгата за академскиот скулптор Стефан Нестороски од авторот Јорданка Матова, која претходно имаше своја промоција и во Охрид.

Стефан Нестороски и припаѓа на првата генерација уметници и револуционери, а делото на Матова ќе придонесе да се сочува неговото творештво од заборавот, истакна на промоторот на книгата Гоце Жура, историчар на уметност. Во книгата, како што посочи Жура, авторот се осврнува на животниот пат на Нестороски почнувајќи од неговото основно образование, резбарското училиште, влијанието на Бранко Шотра, па се до академијата за ликовна уметност во Белград на отсекот за вајарство.

-Со зачудувачка скулпторска енергија од 1966 година се до неговата ненадејна смрт на 62-годишна возраст во 1982 година, Нестороски создава скулпторски дела и споменици во Охрид, Струга и во повеќе други македонски градови, истакна Жура.

Тој ја најави и четвртата книга на Матова за уметноста на Охрид во 20 век, во која ќе се најдат сите уметници од првата, втората и третата најмлада генерација охридски уметници.

OhridNews