Авторот на книгата „Јаз во јазикот“, вели дека насловот на книгата треба да упати на продуктивната можност во јазикот.
– Не само што го трошиме јазикот говорејќи постојано, туку како што во водата се прави еден јаз за да се насочи водната матрица кон производство на брашно, така во јазикот да се создаде една книжевна брана за да може тој да се навири и да ги покаже своите продуктивни способности да произведе уметност, рече Санде Стојчевски.
Тој истакна дека наградата Јован Котески посебно му е драга бидејќи, со Котески другарувал уште од ранотодетство.
За Милован Стефановски наградата „Крсте Чачански“ е признание кое привлекува за враќањето на довербата на наградите во македонската книжевност. Збирката раскази, појасни тој, е составена од два есеја со 20 кратки раскази каде се обработуваат теми од секојдневието во најголем дел.
– Во вториот циклус ја користам матрицата на светски познати раскажувачи од различни континенти врз основа на кои правам своја конструкција и ги приопштвам на наши простори, истакна Стефановски.
Книгите беа промовирани во организација на здружението за литература, култура и наука „Бран-2010“ и списанието „Бранување“ од Струга.