НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати својот книжен фонд со 30 нови наслови. Станува збор за најновите изданија од издавачките куќи „Матица“, „Култура“ и издавачката куќа „Три“.

Од Библиотеката можат да се позајмат светски познатите романи: „Московска сага“ од Милер, „Ќерката на пустината“ од Таласа Али, „Рингишпил“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, „Последниот чај“ од Винка Саздова, „Калуѓерот што го продаде своето ферари“ од Шарма Робин, „Девојката со тетоважа на змеј“ од Парсон Стинг, „Аеродромци“ и „Пеперутка“ од Сашо Тасевски и многу други, како и монографиите за Охрид и старата Скопска чаршија.

Книгите се набавени со финансиска помош од Министерството за култура .

OhridNews