ВМРО ДПМНЕ и денеска одржа прес конференција, на која ги критикуваше политиките на власта. Овојпат тема беше туризмот, кој, како што истакна советничката Гордана Коњаноска, не се развива во правецот кој го ветуваше актуелната власт. Ништо од ветувањата дека Охрид ќе биде развиен и просперитетен град кој ќе ги врати назад младите, ќе привлече повеќе туристи или ќе ја продолжи сезоната, рече Коњаноска.

Охрид не само што не е подобро поврзан со светот, туку станува поизолиран. Наместо проширена листа на редовни авионски врски на Охрид со значајни европски центри која беше ветена, ние наскоро ја губиме редовната линија за Лондон. Автопатот ќе го чекаме уште долги 4 години. И ништо нема да им промени на оние кои евентуално требаше да дојдат од Лондон или да отпатуваат таму, никакво објаснување за транспарентност, тендери, три плика итн. – истакна Коњаноска.

Таа има забелешки и на промоцијата на Охрид на светскиот пазар.

-Ја повикуваме јавноста да преброи колку пати оваа година Охрид се најде на насловни страни на специјализирани списанија и магазини за туризам со светска читаност? Kолку репортажи за Охрид беа објавени во глобални медиуми, колку промоции за Охрид беа направени и во колку европски престолнини? Конечно, на кој начин ја промовираме како туристичка дестинација и земјата и Охрид, како замена на толку критикуваната меѓународна промоција која ја испраќаа во најглобалниот етер рекламните спотови од типот на „Македонија вечна”? – додаде Коњаноска.

Таа ја критикуваше и работата на јавните претпријатија, политиката околу поставувањето на урбаната опрема, крофните, скарите, решавањето на проблемот со колекторот…

OhridNews