Месната заедница од с. Речица, реагира дека во атарот на селото се врши сеча на дрва веднаш до речното корито на местото викано Мала Река/Равен, во центар на село Речица, каде што постои ризик од свлечиште. За тоа Месната заедница со допис ги известила надлежните институции.
Останат е само тој појас кој што не е исечен, бидејќи досега се околу е соголено. Дали постои валидна документација за оваа сеча, дали сте известени? Ние во село Речица имаме веќе недостаток на вода, а со оваа сеча овој проблем ќе се продлабочи дополнително. Ако има тендер зошто не е земено предвид дека локацијата е ерозивна, и тие дрва се заштита на водата и природата. До кога ќе дозволувате неконтролирано да се сечат шумите? – стои во дописот на претседателот на МЗ од с. Речица, Елена Аврамоска испратен до надлежните институции.

OhridNews













