Коалицијата за Промени и Правда (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, МОРО-РП И ДЕМОС), смета дека изборите треба да се одложат најмалку за шест месеци и дека наводно со тоа се согласила и ВМРО ДПМНЕ.
„Наместо листи за кандидати за пратеници, на Македнија и е потребна Експертска и пред се реформска Влада, која ќе ја стабилизира состојбата и ќе спроведе раформи во медиумите, правосудниот систем (реизбор на сите судии и обвинители), безбедноста, како и целосна деполитизација и департизација на државните институции. Со најновиот избирачки список, како и објавениот креиран вкупен број на жители во Република Македонија (над 2.400 000), само се потврди дека Владата и ДИК немале намера да го прочистат и не го прочистиле избирачкиот список. Очекуваме соодветна реакција од ДИК и свикување на седница на Собранието заради и формално одлагање на изборите и избор на Влада, со што ќе започне процесот на стабилизација.“ – стои во соопштението на КПП.
OhridNews