Коалиција за Промени и Правда денеска упати повик до граѓаните да не се плашат и слободно да ја изразат својата волја на претстаојните избори, кога, како што стои во прогласот, режимот ќе падне.

„Ве повикуваме сите, сплотени во заедничка борба против авторитарната власт на Никола Груевски и неговото злосторничко здружение кои повеќе од десет години го тероризираат и ограбуваат народот во Македонија. Борбата ќе ја водиме со нашиот разум, збор и глас на 11ти декември 2016 година, ден кога ќе му кажеме на овој режим ДОСТА Е! На тој ден ќе им пресудиме на тиранијата, теророт и криминалот на фамилијата на власт, неправдите кон луѓето и одземената слобода, на корумпираното судство и на сите корумпирани подржувачи на овој недемократски режим.“ – стои во повикот.

После 11 декември треба да има правда и слобода за сите, велат од Коалицијата за промени и правда. 

„Сакаме мир и соживот на граѓаните, без разлика на националната, верска и социјална припадност. Доста ни е од конфликти на овие основи само заради некој да се дограби или да се оддржува на власт. Сакаме нов уставен поредок и закони кои ќе ги гарантираат слободата и правдата на сите и го оневозможат насилието на партиите на власт врз нас, како што беше во изминатите 25 години.“- се вели во повикот на Коалицијата за промени и правда.

OhridNews