Во несреќен случај што се слулчил во с. Модрич-струшко животот го загуби Здравко Бурјаковски (63).
Според информациите од СВР Охрид Бурјаковски работејќи на терасата од семејниот дом загубил рамнотежа и паднал од височина 3-4 метри. Несреќниот селанец го пронашле синовите кои веднаш повикале брза помош која само констатирала смрт.
На телото на починатиот не се најдени траги од нaсилство, соопшти полицијата.












