Со 17-те кошеви постигнати во мечот против Детроит Пистонс, бекот на Лос Анѓелес Лејкерс Коби Брајант влезе меѓу 10-те најефикасни кошаркари во НБА. 

Коби Брајант сега има постигнато 26.671 поен, па така го потисна на 11-то место Доминик Вилкинс кој во кариерата има постигнато 26.668 кошеви. На Коби му требаат уште два три меча да го премине и Оскар Робертсон на 9-место (26.710), а оваа сезона би требало да се пробие и пред легендарниот Хаким Олајџувон (26.946).

„Ова е за мене голема чест. Скоковите и забивањата на Вилкинс беа нешто што како дете најмногу сакав да ги гледам“ изјави Брајант по мечот.

На првото место неприкосновен е Карим Абдул Џабар со 38.387 поени, а по него на листата се поштарот Карл Мелоун (36.928) и Мајкл Џордан (32.292).

Од активните НБА кошаркари во ТОП 10 покрај Брајант од порано е само Шекил О Нил на петото место со 28.500 кошеви, но со оглед дека четвртопласираниот Вајлт Чембрлен му бега околу 2.900 кошеви, се чини дека за Шекил оваа бројка е недостижна.

“Извор Макфакс“
Ohridnews