Екипата на Фер Плеј натпреварувањата во Купот на Македонија, ги заврши во 1/4 финалето. Фудбалерите на Кочани триумфираа на реванш мечот 5-1 и со вкупни 8-1 патуваат во 1/2 финалето.
“Белите“ први го отворија резултатот, преку Петковски. Гостите со погодок на Максимов го изедначија резултатот а до крајот на првиот дел направија комплетен пресверт со голот на Крстов. Со двата погодоци на Јованоски, кочанчани стигнаа до убедлива предноста од 4-1 а конечните 5-1 со вториот погодок на мечот ги постави Максимов.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com