Овој невообичаен изум е дело на некој од жителите на старата зграда кај паркингот позади х. „Ривиера“. Кофата која има функција на корпа за ѓубре е закована на дрво. Веројатно тоа е направено поради кучињата скитници, мачки и други животни кои во потрга по храна го растураат ѓубрето наоколу. Или можеби не. Обидите да дознаеме нешто повеќе за изумот останаа неуспешни бидејќи и покрај нашата упорност не се сретнавме со изумителот или со некој негов сосед. Секоја идеја за подобрување на јавната хигиена, макар била чудна како оваа, е за поздравување. Но, како и кај конвенционалните “направи“ за одлагање отпад и оваа има сличен проблем. Повеќе отпадоци има покрај неа отколку во неа.
Кофа на дрво !?
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com
Поврзани вести
08.10.24 09:32
Гинисов рекорд: Најскапото шише вода продадено со наддавање за…Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
12.08.24 10:09
Том Круз со спектакл во свој стил ја најави…Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...
02.04.24 14:30
Целосно затемнување на Сонцето над Северна Америка на 8…Целосно затемнување на Сонцето, поточно совршено порамнување на Земјата, Месечината и Сонцето во права линија, ќе се случи на 8 април и ќе биде видливо од Северна Америка Затемнувањето ќе трае чети...