На возрасен маж му се слоши на празнувањето на Денот на рибарите во месноста Сараиште откако претерал со алкохолот. Интервенираа ангажираните спасувачи и медицинкси лица. Неофицијално човекот имал здравствени проблеми, а конзумирањето алкохол во поголеми количини придонело да се случи непријатност.

Инаку одбележувањето на Денот на рибарите мина во весела атмосфера и без инциденти.

OhridNews