Советниците утре ќе ја одржат педесет и седмата седница
27.05.25 14:33
Советот на општина Охрид утре со почеток во 09:00 часот во општинската зграда ќе ја одржи педесет и седмата седница.
На Дневен ред се 49 точки, меѓу кои тримесечните извшетаи за работата на јавните претпријатија, тримесечните извештаи за реализиација на програмите во повеќе области, измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година и проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2025 година, усвојување на социјален план на општина Охрид за период 2025-2028 година, измена и дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2025 година во општина Охрид, како и измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.
Полициски службеници од полициската станица Охрид, денеска од слобода лишија 55-годишен охриѓаниец Тој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид Н...
Во организација на Министерството за култура и туризам, денеска во Музејот на македонската борба се одржа завршната јавна расправа за Нацрт-националната стратегија за туризам 2027 – 2032, на која б...
Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната...