Во есенскиот период екипите на Јавна хигиена посебен акцент ставаат на собирањето на паднатите лисја и максимално се ангажирани во расчистување на Градскиот парк и коловозите и тротоарите во централно подрачје и периферните делови од oпштина Охрид, информират од „Комуналец“. Дневно се подигаат околу 15 кубици паднат лист, а покрај класичното рачно метење и собирање на паднатите лисја, ангажирано е и специјалното возила за метење на улици кое дневно врши истовар на 7-8 тури собран лист.


OhridNews