Весело и разиграно беше вчера во Геријатриското одделение при Општа болница Охрид, каде во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за старите лица, активистите на Црвен крст Охрид ги посетија старите лица сместени во овој оддел.


Внимание кон најстарите

Заедничкото дружење беше збогатено со интересна театарска изведба на еден сегмент од серијата “Кога лисјата паѓаат” во изведба на учениците од ОУ „Братство и единство“ од Охрид.


„Кога лисјата паѓаат“ во живо

Песната и играта беа незаобиколен дел од ова дружење. Во знак на внимание волонтерите на Црвен крст Охрид на старите лица им подарија и скромни подароци.


Дружењето заврши со оро

OhridNews