Летниот режим на сообраќај кој се однесува на централното градско подрачје во Охрид на сила стапи на 4-ти јули. Со него е предвидено на улиците „Илинденска“ , „Коста Абраш“ и „ Цар Самоил“ во периодот од 05 до 20 часот , да може да сообраќаат возила само со специјални пропусници, а од 20 до 05 часот има целосна забрана за сообраќај. На улиците „ Илинденска“ , „Коста Абраш“ , „Цар Самоил“ , „Кочо Рацин“ и просторот околу црквата „ Света Софија“ се забранува запирање и паркирање на сите моторни возила. На улицата „ Св. Кирил и Методиј“ , во периодот на летниот режим на сообраќај, односно од 4 јули до 31 август, во времето 05 до 20 часот ќе се одвива двонасочен сообраќај, а од 20 до 05 часот ќе се одвива еднонасочен сообраќај во насока кон „ Горна порта“.
И покрај зачестените контроли на полицијата, летниот режим на сообраќај во стариот дел на градот не се почитува целосно.